Вучиќ за Европрајд: Се залагам за пристојна Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека очекува почитување на одлуката на српската полиција за неодржување на парадата најавена за утре во рамки на Европрајд.

EPA-EFE

Истовремено кажа дека тоа за него е периферна тема и дека тензиите околу неа му се наметнати на српскиот народ, и дека и оние кои се за парада и оние кои се против неа учествуваат во „хибридна војна против Србија“, јавуваат српските агенции Бета и Танјуг.

Додаде дека утре во Белград, пред српската Скупштина, се промовира нова генерација потпоручници, а „тој не се занимава со тоа, туку е приморан да се занимава со периферни теми“.

Бранејќи ја премиерката Ана Брнабиќ, кој во последните денови е мета на критики дека како лезбијка не се залага за ЛГБТ популацијата и одржувањето на парадата, Вучиќ кажа дека не ги разбира ни оние кои си даваат право на парада, но не им го дозволуваат тоа на другите, ни оние кои се замолени да ја одложат парадата, но не сакаат.

Вучиќ истакна дека тој се залага за „пристојна Србија“, која ќе ги победи „двата екстремни дела, и на левицата и на десницата“. Годинешната најава за забрана или одложување на геј парадата Вучиќ ја оправдува со тензиите околу Косово.

Српското министерство за внатрешни работи го забрани во вторникот одржувањето на парадата во рамки на Европрајд која беше најавена за утре.

Претставници на ЛГБТ заедницата преку социјалните мрежи објавија дека официјално им е врачено решение за забрана на парадата, а забраната ја потврди и српската полиција. Најавија жалба и одржување на парадата.

Причина за забраната наводно е безбедноста бидејќи за тој ден е закажан протест на противниците на геј парадата и постои опасност од судир на тие две групи. Еден од организаторите на годинешната манифестација, Горан Милетиќ, истакна дека не постои ниедна причина за забрана и дека всушност е забранета рутата по која прошетката е планирана, а не нејзиното одржување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе