Автопатот кон Македонија

Вучиќ: За десет дена отворање на јужниот крак на Коридорот 10 (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави од Кина дека за десет дена ќе биде отворен јужниот крак на Коридорот 10.

„Би сакал да учествувам на отворањето на јужниот крак на Коридорот 10, за десет дена ќе биде отворен и за десет дена ќе може да сметате да одите кон Скопје, Солун, Атина без ниту еден метар кој не е автопат. Тоа е голема вест“, кажа Вучиќ.

Тој во изјава за српските новинари во Пекинг истакна дека Србија со Кина сака полна соработка.

„Во Европа кога ќе ја спомнете Кина сите нешто се правдаат. Јас никаде не се правдам. За разлика од оние кои секојдневно ни порачуваат дека не ни е местото во Европа или дека не нѐ сакаат, Кинезите ни велат „Ние сакаме со вас“. И ние тоа го сакаме“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека Кина не ги загрозува суверенитетот и интегритетот на Србија.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе