Ѓукановиќ води со само еден мандат разлика

Вучиќ за Црна Гора: Српскиот народ се крена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е очигледно дека Демократскиот фронт направил одличен резултат и чекор напред на изборите во Црна Гора.

Фото: Инстаграм

„Ги видов резултатите од северот на Црна Гора и таму има убедлива победа на листата на За иднината на Црна Гора“, рече Вучиќ и додаде дека е рано да се прогласува победа, пренесува Б92.

Тој додаде дека сигурно ќе му честита на кој било што ќе победи.

На прашањето да ја прокоментира изјавата на портпаролот на ДПС, кој протестите во таа земја ги нарече „Александрова црна операција“, тој рече дека разни луѓе не можат себеси да си објаснат како тоа се крева српскиот народ и дека велат дека тој е со Мило (Ѓукановиќ).

„Другите во регионот велат дека јас сум против и божем јас го организирам тоа. Кој и да сака да постигне нешто во регионот, ме напаѓа мене. За мене е важно српскиот народ во Црна Гора да се крене за да ги заштити своите идентитетски права и тоа е она во што ние како држава помогнавме, со најголема сума пари за српските организации“, рече Вучиќ.

„Сакаме да го зачуваме српскиот народ, јазикот, културата и некаков напредок се забележува, а на тврдењата на мрзливците во Подгорица, како и во Белград, јас не одговарам“, рече тој.

Вучиќ додаде и дека за Србија е најважен пописот што ќе биде направен следната година, односно да не се намали бројот на Србите во Црна Гора, затоа што тогаш „можеме да кажеме дека успеавме да му помогнеме на нашиот народ постапувајќи мирно“.

Првите проекции на мандатите од 87,3 обработени примероци покажуваат дека ДПС на Ѓукановиќ има 29 мандати, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 28, „Мирот е нашата нација“ 10 мандати, „Црно и бело“ четири. По три мандати би имале социјалдемократите и Бошњачката партија, два СДП и по еден Албанска листа и АК Једногласно.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе