Вучиќ за Бугарите и С-400: Им благодарам што се истрчаа

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека некои земји реагирајќи на учеството на руското вооружување на вежбата во Србија покажале дека им е важно тоа Србија да биде слаба.

На прашањето да ги искоментира реакциите во медиумите на некои земји од регионот, на пример во бугарските, во кои се бараше сопирање на транспортот на рускиот ракетен систем С-400, Вучиќ истакна дека Србија го нема тој систем.

„Но многу ми е важно што видов колку некои сакаат да ја видат слаба Србија. Не мора да се плашат, ние немаме С-400“, истакна тој.

Тој повтори дека било многу важно да се види колку некои би ѝ се радувале само на послаба Србија, која би можеле да ја понижуваат, како во периодот од 1999 до 2012 година.

„На нивно жалење, Србија денес е пристојна, побогата и поодговорна земја, но и поуспешна, на среќа на нашите граѓани. Им благодарам на некои што се истрчаа и што покажаа колку им е криво за српскиот успех“, истакна Вучиќ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе