Србија

Вучиќ воведе нови мерки: Нема излегување од дома од сабота во 13 до понеделник во 5 часот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста со нови мерки во борбата против заразата со коронавирусот.

„Очекуваме во следните 72 часа забрзување во смисла на бројот на заразени, а за жал треба да се очекува и пораст на бројот на смртните случаи, ова не е предвидување, туку врз основа на бројот на луѓето на респиратори, а на нив има 81 лице, кои се во тешка или критична состојба. Најголем број позитивни има во Белград, Ќуприја, Чачак и Ваљево“, кажа Вучиќ.

Донесени се нови специјални мерки.

„Бевме блиску до вистинска катастрофа. Од 400.000 луѓе кои дојдоа од странство, имаше многу заразени. Поради едно пристигнување од Милано имаме пет смртни случаи.

Во согласност со тоа донесовме мерка да воведеме забрана за движење во сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот. Таа забрана не важи за пензионерите, кои и понатаму имаат термин за купување. Би сакале да ги гледаме помалку од минатата недела во продавнциите, бидејќи ризикот за нив е најголем. Исто така, не смее повеќе од две лица да се собираат на едно место, тоа е од вечерва, одлука на владата“, кажа Вучиќ.

Во Србија уште три лица починаа од коронавирусот, со што вкупната бројка се искачи на 31.

Регистрирани се вкупно 1.171 потврден случај на зараза со ковид-19.

Во последните 24 часа се тестирани примероци на 637 лица од кои 111 се позитивни а 526 негативни на коронавирусот.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе