Вучиќ: Во договорот со Косово има нешто што го сметам за голем успех на српската страна

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди денес дека под покровителство на Европската Унија „дојде до еден вид компромисно решение“ меѓу Белград и Приштина, а САД договорот го нарекоа важен успех за односите на двете страни.

EPA-EFE

Според договорот и со согласност на двете страни припадниците на специјалните единици на косовската полиција РОСУ треба да се повлечат од премините Јариње и Брњак, а Србите да ги тргнат барикадите до 2 октомври во 16 часот. Истовремено на премините ќе бидат поставени војници на КФОР.

Заменик помошникот на американскиот државен секретар Габриел Ескобар изјави дека денес е остварен „важен успех“ врзан за односите на Србија и Косово и оцени дека се покажало дека дијалогот на Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, „е добар начин за постигнување решенија“.

Тој дијалог се води во ЕУ и така ќе биде и во иднина, кажа Ескобар додавајќи дека улогата на САД е да „бидат присутни во регионот“.

Вучиќ на конференција за новинарите во Ниш кажа дека, според усогласеното решение кое го предложила ЕУ, КФОР свои сили ќе постави на Јариње и Брњак кои ќе останат две недели по повлекувањето на РОСУ, а од 4 октомври се воведува режим на лепенки, како привремена мерка до конечното решение за регистарските таблички, за што следи продолжение на разговорите во Брисел.

За наоѓање на тоа решение, како што кажа, ќе биде формирана работна група од претставници на Белград, Приштина и ЕУ, која потоа ќе се обиде проблемот да го реши согласно на европската пракса, а првата средба е закажана за 21 октомври.

„Во компромисното решение на ЕУ има нешто што за нас е од клучно значење и го сметам за голем успех на српската страна – упатија повик до сите страни да ги применат сите потпишани аранжмани“, истакна Вучиќ, објаснувајќи дека тоа се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини.

„Тоа полека почнува да ни ја враќа довербата и во европските институции и во договорите кои сме ги постигнале“, истакна српскиот претседател, оценувајќи дека Европската Унија „недвосмислено дала до знаење дека следната тема на преговорите во Брисел е Заедницата на српски општини“, иако не ја исклучи можноста „косовската страна тоа да го одбие“.

„Мислам дека реагиравме како држава на сериозен, одговорен и паметен начин. Јасно им дадовме до знаење и на претставниците на НАТО дека, ако биде загрозена безбедноста на народот, а не реагираат други, самите ќе бидеме во состојба да го заштитиме својот народ“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе