Вучиќ во Брисел: Кажав дека никогаш нема да го признаеме Косово (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи по средбата со делегацијата на Приштина во Брисел.

EPA-EFE

„Договорено е до крајот на јули да се продолжи дијалогот“, кажа Вучиќ по состанокот.

Истакна дека приштинската делегација не сака да ги исполни договорите кои ги потпишале Албанците и не сака да разговара за Заедницата за српски општини.

„Тие бараа итно и веднаш да слушнат кога ќе ја признаеме независноста на Косово. И го нарекуваат инциденти и провокации фактот што Србите сакаат да присуствуваат на богослужби во своите цркви. Бев многу благ, бидејќи не сакав да укажам на други нешта, како целосно отсуство на реален одговор“, кажа Вучиќ.

„Целосно отсуство на реалност“, заклучи српскиот претседател.

Објасни дека во следните денови ќе разговара со Србите на Косово и Метохија, за кои сега е поуплашен од што бил, бидејќи увидел кој управува со Приштина – мислејќи на косовскиот премиер Аљбин Курти.

Вучиќ истакна дека Србија е спремна да го продолжи дијалогот со албанската страна.

На прашањето дали му упатил навреди на Аљбин Курти за време на состанокот, тој кажа дека не пцуел.

„Му одговорив остро, но не ја преминав границата. Човекот дошол да се договара за ништо. Кажа: „Дојдов да те прашам кога ќе го признаеш Косово“. Му кажав: „Никогаш“. И тој се смрзна“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали страните за нешто се согласиле, Вучиќ кажа „за ништо“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе