Вучиќ: Вишокот храна и енергија ќе го делиме со Албанија и Македонија

Србија, Албанија и Македонија договорија формирање заедничка комисија за да можат меѓусебно да си помагаат во соочувањето со заканата од недостиг од енергенси и храна оваа зима поради кризата предизвикана од војната во Украина, соопштено е денес.

EPA-EFE

На самитот на иницијативата Отворен Балкан во Белград српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски го договорија формирањето на телото кое ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна.

„Сè наше ќе им биде достапно на Македонија и Албанија и обратно“, кажа Вучиќ на прес-конференција.

Србија речиси целиот свој гас го увезува од Русија, а околу 70 отсто од своите потреби за електрична енергија произведува во стари термоцентрали.

Македонија зависи од фосилни горива и хидроенергија, а зависна е и од увоз на електрична енергија. Албанија поголемиот дел од електричната енергија го произведува во хидроцентрали.

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека трите земји ќе бараат од Европската Унија помош да ја издржат зимата.

„Најдоброто сценарио за Албанија би било половина милијарда евра (во дополнителна потрошувачка) за континуирано снабдување со електрична енергија“, кажа Рама.

„Ја повикувам ЕУ да не го повтори срамното однесување од пандемијата кога земјите од Западниот Балкан мораа да се свртат кон Кина, Русија и Турција“, додаде тој.

Инцијативата, позната и како мини Шенген, на крајот на 2019 ја иницираа премиерите на Србија, Албанија и Македонија со намера, следејќи ги европските вредности за слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги, заемно да го олеснат работењето и патувањето на граѓаните на трите земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе