Вучиќ утре се сретнува со Путин: Имаме четири нешта кои мора да ги решиме

Српскиот претседател Владимир Путин не откри денес детали од разговорот со претставникот на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак, воден ден претходно во Белград, истакнувајќи дека за регионалните прашања ќе разговара утре во Сочи и со рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

Истакнувајќи дека Србија бара разговори со Косово „на сите нивоа и за сите теми“, Вучиќ на прес конференцијата која траеше час и половина кажа дека вчерашната средба со Лајчак во Белград била „коректна и нормална“, но истакна дека „не би изнесувал детали“.

Од Брисел денес беше најавено дека Лајчак утре ќе ја посети Приштина и ќе ги пренесе очекувањата на ЕУ, почнувајќи од примената на до сега постигнатите договори до „одговорното однесување“.

Косово ќе биде и една од темите на разговорот на српскиот претседател со рускиот колега Владимир Путин утре во Сочи.

Вучиќ денес отпатува за Русија, а пред средбата истакна дека шефот на руската држава ќе го информира за досегашните разговори околу Косово и Метохија и за регионалната ситуација на Западниот Балкан.

„Претпоставувам дека ќе разговараме за ситуацијата во регионот, за нашето гледање на ситуацијата. Јас секогаш внимавам да не зборувам и на директен начин да не се мешам во внатрешните работи на други држави“, кажа Вучиќ.

Една од најважните теми со рускиот претседател ќе биде енергетската криза бидејќи Србија се труди да обезбеди продолжување на поволниот аранжман за испорака на гас, по кој сега плаќа 270 долари за 1.000 кубни метри, додека цената на берзите утринава беше 1.064 долари.

„Имаме четири нешта кои треба да ги решиме со Путин, а на прво место е цената. Второто е траењето на договорот. Мораме да обезбедиме количества плин над три милијарди (кубни метри), но мораме да имаме флексибилност, бидејќи во меѓувреме мораме да изградиме складишта“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека резервите на гас во Србија „паднале на 128 милиони кубни метри“ и дека од снабдувањето со гас зависи и цената на струјата, која сега, поради поволните ценовни аранжмани на долгорочно договореното снабдување со гас е значително поевтина во Србија „отколку во цела Европа“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе