Загрижен за ситуацијата на Косово

Вучиќ: Укинувањето на Српска листа може да предизвика катастрофални последици врз односите на Србите и Албанците

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е многу загрижен поради развојот на ситуацијата на Косово и Метохија и оцени дека секој обид за „укинување“ на партијата Српска листа би можел да остави катастрофални последици врз односите на Србите и Албанците.

Во воведното обраќање при посетата на претседателката на Советот на федерацијата на Федералното собрание на Русија Валентина Матвијенко, Вучиќ кажа дека Српска листа добила 96 отсто од гласовите на Србите на изборите и ги обвини Албанците дека измислиле „некаква приказна за труење со пликови од гласовите од Србија“.

„Сега веќе не се сигурни дека се отруени. Не знаат што да измислат но констатираат дека треба да се укине Српска листа. Тоа ќе создаде катастрофални последици врз односите на Србите и Албанците бидејќи Срби повеќе нема да има во институциите. А кога нема Срби нема во институциите, вие знаете каде тогаш ги има и како ќе мора да ги штитат својата слобода и своите огништа“, кажа Вучиќ.

Тој наведе дека Белград ги замолил западните партнери да се вразумат и да не им помагаат на Албанците во, како што кажа, „болните цели“ бидејќи во спротивно „следува катастрофа“.

„Инаку сѐ што прават, прават со цел да ја уништат Српска листа. Тоа многу нѐ загрижува“, кажа српскиот претседател.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе