„Пред Србија е тежок период“

Вучиќ: Треба да се очекува сконцентриран притисок од ЕУ и САД околу Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени вечерва дека може да се очекува „сконцентриран“ притисок од Европската Унија и Соединетите Американски Држави околу прашањето на Косово.

EPA-EFE

Вучиќ по седницата на претседателството на Српската напредна партија (СНС) кажа дека пред Србија е „тежок период“ во кој, како што оцени, ќе биде изложена „на сите можни притисоци, кампањи и невистини“.

„Важно е да ја разбереме тежината на позицијата во која сме особено сега по промената во американската администрација. Треба да се очекува сконцентриран притисок од ЕУ и САД врз Србија за да ги исполниме очекувањата за, како што Вашингтон нескриено кажува, признавањето на Косово, додека ЕУ ќе користи нешто поинаков речник но ќе оди кон истата цел“, кажа Вучиќ.

Оцени дека ќе има и обиди за укинување на ингеренциите на властите на Република Српска.

„Кога на тоа ќе го додадете и целиот регионален контекст во кој не е едноставно да се зачува позицијата на Србија која економски најбрзо расте... Сите други ќе гледаат како Србија да ја прогласат за хегемон“, оцени Вучиќ.

Зборувајќи за резултатите на изборите на Косово, тој кажа дека Српска листа остварила „апсолутна доминација“ меѓу Србите на северот на покраината, а дека „за нијанса послаб резултат“ имала во српските средини јужно од Ибар.

„Ќе преземаме чекори и мерки за со демократски средства да се спротивставиме на насилството на албанските политички субјекти кои ги злоупотребуваат одделни српски претставници. Аљбин Курти вели дека сака да разговара само со одделни Срби од Косово, а не со Белград за да може да каже дека Косово е независно. Српскиот народ го разбира тоа и затоа во таа мера гласаше за Српска листа но тоа нема да го разберат сите во меѓународната заедница“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе