Од Ѓукановиќ

Вучиќ: Тешки пораки доаѓаат од Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека тешки пораки за Србија доаѓаат од Црна Гора.

Претседателот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, им порача на граѓаните во Тиват „да не дозволат да се злоупотребува нивната верска слобода на начинот на кој се злоупотребува деновиве за да се сруши Црна Гора и да не дозволат да бидат дел од тоа лудачко движење“.

„Ова се тешки пораки за нас. Ќе видиме, прво нека се изјасни српската црква во Белград, а потоа ќе донесуваме заклучоци за тоа што и како да се продолжи“, им рече Вучиќ на новинарите во Дрвар, пренесоа агенциите.

Тој рече дека не сака да се меша во црковните, а особено во духовните теми, но дека српската црква отсекогаш била чувар не само на духовниот живот, туку и на националното битие.

„И тогаш гледате од различни извори, и од црковни и од државни, дека велат дека тоа не е српска, туку некоја православна црква. Па тоа ќе го прават на Косово, како што правеа порано во Хрватска. Само за да не биде српска“, рече Вучиќ.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе