Вучиќ: Српскиот свет не е дел од државната политика

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека Србија не е заинтересирана за уривање на независноста на која било земја во регионот бидејќи неа ја интересираат само економскиот развој и напредокот, и дека „српскиот вет“ не е државна политика и стратегија на Србија.

EPA-EFE

Србија на никој начин не е заинтересирана да ја урива независноста ни на Црна Гора, БиХ ни Хрватска, ниту која било друга земја во регионот, а тоа е единственото што го бараме и од нив, кажа Вучиќ и порача дека Србија не ја интересираат конфликти.

Вучиќ во едно од вообичаените обраќања до јавноста, кое директно го пренесуваат јавниот сервис и комерцијалната провладина телевизија Пинк, кажа дека Србија „не ја интересираат војни и конфликти не затоа што е слаба, туку затоа што ја интересираат само економијата и соработката“ и „затоа што секој конфликт би ги одвел нив и сите во бездна“.

Не наведувајќи поединечно ниедна држава, српскиот претседател повика да не се обидуваат да ја ослабат нивната „земја со разни хибридни методи и притисоци“ и да не очекуваат дека таа нема да се брани, но „не полициски и воено“, иако Србија сега е „барем десет пати посилна од пред дваесетина години“.

„Никому тоа не треба да му падне на памет, но не смее да ни паѓа ни нам“, истакна Вучиќ и повика да не се понижува „Србија ни Србите како народ“, како што тоа било правено со децении наназад.

Шефот на српската држава негираше дека синтагмата „српски свет“, која ја користи актуелниот министер за внатрешни работи Александар Вулин, претставува државна политика или стратегија.

„Вучиќ кажа дека „во таа синтагма не постои ништо заканувачко“ што би загрозувало кого било друг, и дека „српскиот свет“ секако не е дел од српската државна политика.

„За нашата земја мирот е од пресудно значење и сè што успеавме да примениме во нашата земја, успеавме поради чувањето на мирот и стабилноста“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека „животот е пред сè“.

Наведувајќи ги успесите на националната економија, Вучиќ кажа дека Србија очекува следната година „за првпат во историјата“ да ги надмине Хрватска и Словенија според износот на БДП, тврдејќи дека „многумина тешко ќе го поднесат успехот на Србија“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе