Вучиќ: Србите и Хрватите мора да престанат „заемно да си забиваат нож во грб“ и мора да се свртат кон иднината

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека Хрватска и Србија мора да имаат многу подобри односи ако сакаат да опстанат и дека целиот регион ора да престане да размислува за минатото и да се сврти кон иднината.

„Она што не оди најдобро, поради што не сум среќен, се политичките односи во регионот“, кажа Вучиќ во изјава за хрватски медиуми на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

„Тука секогаш има безброј проблеми, вишок минато и недостиг од размислување за иднината, но тоа веројатно ни е заедничка карактеристика и тоа е она што ќе мора да го смениме“, кажа српскиот претседател, кој претходно со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ учествуваше на панел за Западниот Балкан и имал прилика неформално да разговара со него.

Тој истакна дека економските односи се многу подобри од политичката состојба во регионот.

„Ја мислам дека Србите и Хрватите како народи, не само како српска и хрватска држава, без оглед на емоциите кои не се секогаш добри, мора да имаат многу подобри односи доколку сакаме да опстанеме и едните и другите“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека двете земји имаат ужасна демографија и дека многу луѓе се отселуваат.

„Ако сакаме да опстанеме ќе мора заедно да работиме, ќе мора да се приближиме и тоа ќе се случи“, кажа српскиот претседател.

Додаде и дека Хрватите и Србите ќе најдат патишта за соработка кога ќе почнат помалку да размислуваат како „да си забијат нож во грб едни на други“ и повеќе да се свртат кон иднината. „Јас во тоа апсолутно верувам и не ви го кажувам само на вас, тоа го зборувам секој ден и во Белград“.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе