Вучиќ: Србија почна со трошењето на резервите гас

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека неговата земја почнала да ги троши резервите гас бидејќи договорените количества кои дневно ги добива не се доволни да се подмират моменталните потреби.

EPA-EFE

Вучиќ кажа дека вчера резервите гас во Србија биле 650 милиони кубни метри, наместо 760 милиони кубни метри. Додаде дека гасот во минатите девет дена поскапел четири до пет пати. Претседателот на Србија изјави дека е направен договор со Бугарија и дека дополнителни количества гас ќе тргнат кон Србија.

„Нас гасот денес нè спасува и благодарение на термоцентралите Панчево и Нови Сад можеме да презимиме“, кажа Вучиќ.

Вучиќ му изрази благодарност на премиерот на Унгарија Виктор Орбан на помошта и истакна дека би било тешко без унгарска помош „Србија да ја преживее зимата“. „Голема чест и привилегија е да имаме такви пријатели крај себе“, кажа Вучиќ.

Унгарскиот премиер Орбан кажа дека сега гасот за Унгарија доаѓа преку Србија и дека Србија е коректна како што Унгарија е коректна кон неа. „Додека Србија има гас, ќе има и Унгарија и може да биде сигурна дека додека Унгарија има гас, ќе има и Србија“, кажа Орбан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе