Потребно е двотретинско мнозинство

Вучиќ: Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им кажа на српските новинари во Њујорк дека е речиси сигурен дека западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации.

EPA-EFE

„За тоа е потребно двотретинско мнозинство. Србија за тоа нема да гласа“, кажа тој.

Според Вучиќ, тоа би било уривање на постоечкиот меѓународен поредок.

„За тоа им е потребно Кина да биде воздржана, или да не вложи вето“, објасни Вучиќ.

„Тоа не е ни далеку, ни невозможно и на големо се разработуваат планови по тоа прашање. И за нас е тоа катастрофа, барем што се однесува на Косово и Метохија. Тешко време и големо бреме е пред нас“, истакна Вучиќ.с

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе