„И немаше проблем“

Вучиќ: Србија не го призна Косово како Израел, бидејќи го издржав притисокот во Вашингтон

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија не го признала Косово како Израел, бидејќи тој успеал да го издржи притисокот во Белата куќа во Вашингтон.

EPA-EFE

„Ги издржавме најтешките притисоци, кои ни многу помоќни не успеаја како Израел. Израелскиот амбасадор кажа „тоа беше американски притисок“. И лично го издржав притисокот во Белата куќа, и немаше проблем. И затоа Србија не го направи тоа што го направи Израел“, кажа Вучиќ.

Тој истакна и дека тоа било можно бидејќи во изминатите години вредно се борел за Србија во тешките преговори во Вашингтон и Брисел.

Израелскиот амбасадор во Србија Јахел Вилан изјави дека Израел го признал Косово под притисок на Вашингтон, во рамки на договорот на Србија и Косово со САД.

„Одлуката на Израел да го признае Косово е донесена под американски притисок. Инаку да не заборавиме дека тоа е направено во рамки на договорот на Србија и Косово со Америка, а не со нас, Израел. Не се обидувам да се кријам зад тоа, таа одлука ја донесе Израел по многуте години за време на кои не го признавме Косово. Тоа е дефинитивно против нашите интереси во Србија, тоа е против моите интереси“, кажа Вилан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе