Вучиќ: Србија ја престигнува Хрватска, затоа сакаат да нѐ уништат

Србија пред крајот на следната година ќе ја помине Хрватска по вкупната стапка на БДП и таа повеќе никогаш нема да биде пред нас, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Гостувајќи на провладината телевизија Пинк, Вучиќ тврдеше дека во Хрватска против него се води кампања „пожестоко од кога било“ и повеќе пати повтори дека Србија ќе биде поуспешна во економијата од Хрватска и по растот на БДП.

Српската економија според процените на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) годинава би требало да се намали за 3,0 отсто и да порасне 7,5 отсто во 2021.

„Ги фати паника, и мене би ме фатила да сум на нивно место – би ме фатила затоа што Србија до крајот на следната година ќе ги помине по вкупната стапка на БДП и никогаш повеќе нема да бидат пред нас, никогаш повеќе“, кажа Вучиќ, тврдејќи дека тоа ќе им го остави на граѓаните на Србија како трајна вредност.

Потоа во разговорот уште неколку пати повтори дека Хрватска никогаш повеќе нема да биде пред Србија по тој параметар и додаде дека многу се радува на тоа, и кажа дека „во историјата ќе остане запишано дека тоа го направил Александар Вучиќ“.

На прашањето на водителката зошто му е тоа толку важно, српскиот претседател одговори со полупрашање: „Зат тоа не треба да ми биде важно?“

„Зарем не треба да ми биде важен успехот на нашата економија“, праша, додавајќи дека тој за Хрватска не кажува ништо лошо, додека во Хрватска е спротивна ситуацијата.

„Најлошите гадости, најлоши лаги читам секој ден, најлоши повраќаници. Добри им се и Хитлеровите следбеници кога се против Вучиќ, затоа што ним им смета само Вучиќ. И немам никаков проблем со тоа“, кажа.

Вучиќ апелираше граѓаните да не ја земаат правдата во своите раце, оценувајќи дека на сите „заеднички непријател им е вирусот, а не луѓето кои поинаку политички мислат“.

Тој, и покрај претходните процени дека во протестите е вмешан и „странски фактор“, кажа дека не сака да обвинува ниедна земја за вмешаност во протестите.

За разговорите кои на крајот на минатата недела ги имаше со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за косовската агенда, истакна дека „ситуацијата по прашањето на Косово и Метохија е многу комплицирана и тешка за Србија“.

Тој истакна дека европскиот пат на Србија и инвестирањата во нејзината економија зависат од разговорите со косовските Албанците и дека затоа мора да се разговара, а не да се биде изолиран.

„Наше е да го најдеме најдоброто решение, а да ги зачуваме националните интереси“, порача српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе