По средбата со Помпео

Вучиќ: Србија ја има поддршката од САД во барањето Приштина да ги укине санкциите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва по разговорот со државниот секретар на САД Мајк Помпео во Њујорк изјави дека Белград несомнено ја има поддршката од Вашингтон во барањето Приштина да ги укине санкциите на српската стока.

„Ја замолив американската администрација да се обиде, иако тоа и досега го правеше, уште посилно да влијае врз косовско-метохиските Албанци да ги укинат царините кои ни ги наметнаа пред една година. Нема сомнеж дека по тоа прашање ја имаме американската поддршка бидејќи тие, како и ние, сметаат дека е важно да се продолжи дијалогот на Белград и Приштина“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ наведе дека со Помпео „долго разговарал за сѐ“ и дека шефот на американската дипломатија „сакал да слушне што Србија мисли пред сѐ за решавањето на косовскиот проблем“.

„Сметам дека на најкраток и наједноставен начин го кажав ставот на Србија“, додаде Вучиќ.

Помпео по средбата на Твитер напиша дека нормализацијата на односите со Косово ќе ги зајакнат стабилноста и просперитетот на Србија, западниот Балкан и трансатлантската заедница.

Тој наведе и дека со Вучиќ имал „продуктивен ручек“ на кој разговарале „за дијалогот на Косово и Србија“ и пристапувањето на Србија во Европската Унија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе