„Со провокации ќе стигнеме до безизлезна ситуација“

Вучиќ: Србија и регионот како некој намерно да ги турка во конфликт

Претседателот на Србија Александар Вучиќ побара од амбасадорот на Русија во Белград Александар Чепурин рускиот претседател Владимир Путин и руското раководство да ги предупреди дека „Србија и регионот како некој намерно да ги турка во конфликт“.

Во соопштението на кабинетот на српскиот претседател се наведува дека Вучиќ на синоќешната средба со Чепурин ја изразил големата загриженост на Србија околу најавите за формирање војска на Косово, што е во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Србија со ништо не предизвикува нестабиност, но со постојаните провокации ќе бидеме доведени во безизлезна ситуација да го штитиме српскиот народ на Косово и Метохија. Србија не смее да дозволи прогон на сопственото население“, кажа Вучиќ.

Како што се наведува во соопштението, Чепурин кажал дека прашањето на Косово и Метохија е долготраен проблем за кој треба разумно решение, корисно за сите.

„Тој истакна дека официјална Москва со внимание го следи развојот на ситуацијата, што се гледа од реакциите на министерството за надворешни работи на Русија“, се наведува во соопштението.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе