Вучиќ: Србија е сцена на посредничка војна на Истокот и Западот

Србија е сцена на посредничка војна меѓу Истокот и Западот, изјави за Ројтерс претседателот на Србија Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Британската новинска агенција наведува дека оваа констатација на Вучиќ доаѓа еден ден по протестите во Белград против геј-парадата, истакнувајќи дека на тој протест насобраните носеле руски знамиња и плакати на рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот претседател кажа дека не може да каже дека некој посредувал во овој „напад“, бидејќи имало многу обични луѓе на протестот, но додаде дека нема дилема дека во Србија се одвива посреден конфликт. „Нема дилема, тука постои посреднички судир меѓу Истокот и Западот“, додаде Вучиќ.

Ројтерс додава дека Србија е кандидат за членство во ЕУ, дека е воено неутрална, меѓутоа, одржува врски со НАТО и купува оружје од земји членки на Алијансата. Се наведува и дека Белград е речиси целосно зависен од рускиот гас и дека купува и оружје од Русија, но дека Кина е главниот инвеститор во Србија, главно во рударството и инфраструктурата. Ројтерс констатира дека Србија го осуди рускиот напад на Украина во ОН, но дека одби да ѝ воведе санкции на Москва, како и дека Русија и Кина ја поддржуваат Србија во зачувувањето на Косово и Метохија. „Се обидуваме да преживееме, со колку што е можно помалку рани и лузни“, кажа Вучиќ.

Ројтерс се осврна и на неодамнешниот договор меѓу Белград и Приштина околу документите, но дека властите во Приштина бараат од локалните Срби да ги сменат регистарските таблички, од српски на косовски. Вучиќ кажа дека не верува дека Приштина сака „сериозен разговор или сериозен дијалог“, но дека тие веруваат дека можат да ги наметнат своите планови со поддршка на Западот.

„Верувам дека тие земји кои ја штитат таканаречената независност на Косово ќе го уверат режимот во Приштина да не си игра со конфликти во регионот, кој и онака е полн со проблеми“, додаде Вучиќ. Српскиот претседател истакна дека повеќе разговори и „шатл дипломатија“ на претставниците на САД и ЕУ се очекуваат во следните недели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе