„Пружаме рака на пријателство на сите кои сакаат да ја прифатат, но никогаш повеќе нема да молчиме и нема да се срамиме од злосторствата кои се извршени против нашиот народ. Не можете да ни забраните да се сеќаваме“, објави Вучиќ.
Видеото е наречено „27 години од погромот на српскиот народ во акцијата Олуја“, во која се протерани 250.000 Срби и убиени најмалку 2.000.
Во видеото има и делови од синоќешниот говор на Вучиќ во Нови Сад каде беше одржана комеморацијата за српските жртви.