Вучиќ со Тачи „разменил неколку куртоазни реченици и тоа е тоа“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ „разменил неколку збора“ во Софија со косовскиот претседател Хашим Тачи, јавува Б92.

Вучиќ со Тачи поразговарал во присуство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Вучиќ ѝ кажал на Могерини дека Србија е секогаш спремна за продолжување на дијалогот доколку тоа подразбира спремност и на другата страна на компромис.

„Да доаѓаме на дијалог, можете да го закажете кога сакате, но прво да се заврши почнатиот процес и да се формира Заедницата на српски општини, а вториот услов е другата страна да е спремна на компромисни разговори. А ние да доаѓаме на разговори и да ни држат лекции за територијата, а нив само територија ги интересира. Тоа се нештата што ги поставивме на јасен начин“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали разговара со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој исто така имал средба со Могерини, Вучиќ кажа дека „разменил неколку куртоазни реченици, и тоа е тоа“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе