Претседателот на Србија во Берлин

Вучиќ со Шолц: Србија ќе биде цврсто определена за европскиот пат, добро ја разбра пораката

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа во Берлин дека Србија ќе биде цврсто определена за европскиот пат и дека добро ја разбрала пораката на Германија околу воведувањето санкции на Русија.

EPA-EFE

На заедничката конференција за медиуми по состанокот со германскиот канцелар Олаф Шолц, Вучиќ кажа дека „темелно и детално“ разговарале за односот на Белград кон Русија во светло на нејзината инвазија на Украина.

„Она во што нема никаков сомнеж е дека изборот на Србија е да биде на европскиот пат. Србија ќе биде цврсто определена за тој пат иако анкетите покажуваат дека во Србија тоа не е најпопуларниот пат. Бевме под санкции цела деценија и затоа имаме поинакви чувства кон санкциите, но Србија добро ја разбра пораката и на Германија и на сите останати“, кажа Вучиќ.

Одговарајќи на прашањето зошто Белград не се придружи на санкциите против Русија, Вучиќ наведе дека Србија во Обединетите нации „се изјасни недвосмислено и јасно околу прашањето на правната и политичката природа на конфликтот во Украина“.

„Само изјаснувањето на Србија беше или неочекувано или делумно очекувано, за разлика од сите останати. Ние го отворивме поглавјето 31 (во преговорите со ЕУ) и имаме обврска постепено да се усогласуваме со одлуките на ЕУ. Канцеларот Шолц беше многу јасен, на многу силен начин ги повтори барањата на Германија и тоа е сè што имам да кажам“, додаде Вучиќ.

Околу најавата дека Косово ќе поднесе барање за членство во Советот на Европа, Вучиќ кажа дека ги „слушнал тие тврдења“, но дека за него „било важно тоа што го кажал канцеларот Шолц“, дека сè што е потпишано во дијалогот на Белград и Приштина „мора да биде спроведено во дело“.

„Се надевам дека тоа се однесува и на Бриселскиот договор. А ако некој не сака да го почитува Вашингтонскиот договор, тогаш и нашите раце ќе бидат одврзани, ќе постапуваме во согласност со нашите државни интереси“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател наведе дека „се радува на скора посета“ на Шолц на Белград, заблагодарувајќи му „на искреноста, отвореноста и добриот разговор“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе