Вучиќ со прашање до британскиот амбасадор: На чии избори победи Курти и чие е знамето? (ФОТО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ преку Твитер му упати прашање на амбасадорот на Британија во Приштина кој се сликше со лидерот на Самоопределување покрај албанското знаме.

„Прашање за амбасадорот на ВБ во Приштина: На чии избори победија Курти и неговата партија и на која држава е знамето пред кое, Ваша Екселенцијо, гордо сте се фотографирале со Курти? Ќе ве прашувам сѐ додека не добијам одговор“, напиша Вучиќ.

На фотографијата која ја постираше лидерот на Самоопределување Аљбин Курти, чија партија освои мнозинство на неодамна одржаните вонредни парламентарни избори на Косово, е и британскиот амбасадор, а меѓу нив е знамето на Албанија.

Вучиќ го повтори прашањето и на англиски јазик.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе