Тој истакна дека Србија не е во никаква војна, ниту ќе биде, и дека земјата ќе ги зачува мирот и стабилноста.
„Ве молам почитувани граѓани на Србија, не наседнувајте на триковите, провокациите и бесмислиците кои велат дека немаме доволно нафта, нафтени деривати, да ги проверувате засолништата, дека нема да има доволно храна. Ќе има доволно храна, бензин и сè што ни е потребно во иднина бидејќи одговорната и сериозна српска држава се погрижи за тоа“, порача Вучиќ на Инстаграм.
Додаде дека нема потреба граѓаните каде било да брзаат, ниту нешто посебно да бараат.
„Однесувајте се нормално, како и секој друг ден бидејќи ќе го чуваме мирот и ќе гледаме српската економија забрзано да напредува. Ви благодарам на почитта и ви благодарам на довербата во српската држава“, кажа српскиот претседател.
View this post on Instagram