Вучиќ: „Ситуацијата врие, на Србите им е преку глава од теророт“ (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по повод договорот на Белград и Приштина за регистарските таблички.

EPA-EFE

Тој зборуваше за Резолуцијата на Европскиот парламент, и кажа дека не е донесена резолуција, туку препораки.

„Не донесоа резолуција, донесоа препораки. Во препораките на Европскиот парламент се наведува дека мораме да ја признаеме независноста на Косово, но тоа го сокрија. Од нас бараат меѓусебно признавање. Суштината на текстот е важна. Не станува збор само за санкциите (против Русија), туку е обид да се дисциплинира владата на Србија. Прескокнаа да го прочитаат тој дел кој зборува дека мораме да го признаеме независно Косово. Не сме заинтересирани за признавање со Приштина, воопшто. Ќе продолжиме да слушаме сè што зборуваат, а одлуките ќе ги носиме во интерес на нашата држава“, кажа Вучиќ.

„Дури и да воведеме санкции против Русија, би кажале убаво што го направивте тоа, но утре би излегле со нова резолуција. Доволно сум искусен, политички ветеран сум. Не се вознемирив претерано околу нивните препораки“, кажа српскиот претседател.

„Ситуацијата кај Србите на Косово буквално врие. На Србите им е преку глава од теророт. На Србите им е преку глава од сè, од шиканирањето, уценувањето, преку глава им е од меѓународните притисоци во кои никој не води сметка за нив и ги третираат како малцинство, а тие не сакаат да бидат малцинство“, кажа Вучиќ.

„Нашата позиција не е лесна и едноставна. Во Овој момент нема од кого да добиеме поддршка, сами сме. Мораме да бидеме силни и единствени за да ја зачуваме Србија“, кажа претседателот на Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе