Кажа дека реалната политика не почива на митови

Вучиќ: Се заколнав над уставот дека Србија никогаш нема да го признае Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна денес дека Србија „никогаш нема да ја признае“ независноста на Косово.

EPA-EFE

„Се заколнав на уставот на Републиката дека Србија никогаш нема ни посредно ни непосредно да ја признае независноста на Косово и Метохија, ниту ќе се откаже од својата легитимна борба за државните и националните интереси и почитувањето на меѓународното право“, кажа Вучиќ во српската Скупштина.

Обраќајќи им се на пратениците на специјална седница на собранието за Косово, тој додаде дека „хистеријата“ на меѓународната заедница околу војната во Украина се одразува и на борбата на Србија за најважните државни интереси.

„Државната политика во претходниот период беше водена меѓу саканото и можното. Со тоа што желбите на граѓаните се нереални и максималистички, додека можностите ни се многу оскудни“, кажа тој.

Вучиќ додаде дека за проблемите кои се „болни за нацијата“ мора да се пристапи одговорно – со дефинирање на заедничка цел.

„Народното собрание е единственото место каде разговорот за ваквото прашање (Косово) може да се води длабински“, кажа Вучиќ.

Претседателот на Србија кажа дека на Косово мора да се најде живот и за Србите и за Албанците и истакна дека „тоа е задача која мора да се заврши за Србите да опстанат како народ“.

„Србија на никој начин не учествува во генерирањето криза, ние сме доследно определени за дијалог. Мирниот начин е единственото решение на проблемот, бидејќи конфликт би бил катастрофален за цела Србија“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека во врска со Косово мора да се понуди реално решение и дека реалната политика не може да почива на митови.

„Мораме да избегнеме ризици кои често не успеваме да ги избегнеме, да не гинеме залудно, да размислуваме како да развиеме сателити и вештачка интелигенција и да ја засилиме софтверската индустрија, и тоа ќе му даде нов живот на нашиот позитивен мит“, кажа Вучиќ.

Истакна дека е важно во политиката да се понуди она што е реално и можно бидејќи од додворувањето на граѓаните поважно е она што може да се оствари.

„Просторот на кој работиме е таков што можностите за напредок и подобрување ни се оскудни, а шансите да отидеме во амбис прилично едноставни и со погрешна политика, доколку би ја користеле, речиси извесни“, порача српскиот претседател.

Додаде дека кога нешто е болно за нацијата треба да се здружат силите и да се дефинира заедничка цел за која треба да се надминат сите разлики и интереси.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе