Вучиќ се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм (ВИДЕО)

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денес се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм, пишуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Вучиќ се вакцинираше во Рудна Глава кај Мајданпек, во здравствената станица на Здравствениот дом „Др. Верољуб Чакиќ“. Се додава дека при пристигнувањето на здравствените работници им донел цвеќе.

„Не ја ни почувствував, д-р Анита има лесна рака... а можеби ќе станам и малку попаметен. Ќе ве известам во следните денови“, им рече Вучиќ на новинарите, пред камерите на неколку национални телевизии кои во живо ја пренесуваа вакцинацијата.

Втората доза ќе ја прими некаде на југот на Србија.

„Ќе видиме дали тоа ќе биде Бабушница или Мерошина, во секој случај, некаде на југот на Србија“, додаде тој.

На прашањето зошто досега чекал со вакцината, Вучиќ рече дека тоа сака да го направи како обичен граѓанин, кога милион луѓе веќе биле вакцинирани.

Го прашаа и зошто во Рудна Глава.

„А зошто Рудна Глава? Затоа што ја сакам, затоа што го сакам истокот на Србија. Таа не е само Белград“, рече тој.

Досега, според официјалните податоци на владата, дадени се повеќе од 2,4 милиони дози, од кои околу 26 проценти биле вакцинирани со една доза и 20 проценти со две.

Премиерката Ана Брнабиќ предвиде дека, според планот за вакцинација, до крајот на април првата доза треба да ја добијат вкупно 40 проценти од граѓаните над 18 години.

Србија користи четири вакцини во кампањата за имунизација - Синофарм, Спутник V, Фајзер-Бајонтек и Астра зенека.

Пекинг досега испорача 2,5 милиони дози, другите вакцини ги има нешто помалку од милион, а со дополнителни 106.470 дози на Фајзер, Србија ќе ја надмине бројката од три и пол милиони испорачани дози, рече Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе