Обид за заживување на дијалогот на Белград и Приштина

Вучиќ се сретна со Курти и Лајчак во Берлин

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна вечерва во Берлин со премиерот на Косово Аљбин Курти, специјалниот претставник на Европската Унија Мирослав Лајчак и функционери на германската влада, во обид за заживување на дијалогот на Белград и Приштина.

Твитер

„Им благодарам на германските домаќини на организацијата на дијалогот меѓу Белград и Приштина“, напиша Вучиќ на Твитер.

Вучиќ покрај пораката објави и фотографија на која е со Курти, Лајчак, специјалниот германски претставник за Западниот Балкан Мануел Сарацин и советник на канцеларот на Германија Олаф Шолц.

Тие присуствуваа на работна вечера на иницијатива на Шолц, чија цел е деблокада на дијалогот на Белград и Приштина на највисоко политичко ниво.

Легенда под Главна слика

Твитер

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе