„Чувари на нашата земја и небо“

Вучиќ се пофали со новите воени хеликоптери, ги викаат „ѓаволски кочии“ (ФОТО+ВИДЕО)

Српската војска денес ги претстави новите хеликоптери купени од Русија, а српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на церемонијата што се оддржа на воениот аеродром Батајница кај Белград, велејќи дека набавката „значително ги зголеми перформансите и можностите на ВС“.

Вучиќ за новите хеликоптери Ми-35, Х145М и Ми-17 рече дека се набавени поради „значително подобрената состојба“ на државниот буџет, а истите биле набавени „со значителен попуст и олеснувања“ дадени на Србија од страна на Русија.

Заблагодарувајќи им се на „руските пријатели“, Вучиќ рече дека станува збор за моќни машини и најсовремени европски и руски хеликоптери, кои многумина ги нарекуваат „кочии на ѓаволот“, но истакна дека овие хеликоптери ќе служат како чувари на Србија.

„Кога ќе погледнете како изгледаат овие машини, можете да видите зошто некои велат дека се страв и трепет и зошто некои ги нарекуваат ѓаволски кочии. За нас, тие се чувари на нашата земја и небо“, рече Вучиќ.

Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред предвиденото, а во Белград беа донесени со карго-авион на руската армија два дена пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе