Почна работата на автопатот

Вучиќ: Се исполнува сонот, ги спојуваме Србија и Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека почнува изградбата на еден од најтешките делови на автопатот од Србија кон Црна Гора. Денеска официјално почна работата на делницата Прељина - Пожега, во должина од 30,9 километри.

Тој истакна дека по 70 години се исполнува сонот на граѓаните на тој дел од земјата и дека за некоја година Србија ќе биде поврзана со автопат со Црна Гора.

Вучиќ рече дека веќе до 19 декември ќе биде отворена делницата од Коридорот 11 од Сурчин до Обреновац и додаде дека тоа му го ветиле Кинезите.

Вучиќ рече дека Кинезите се заинтересирани да го градат и автопатот од Пожега до Бољаре на границата со Црна Гора и изрази надеж дека наскоро ќе почне работата и на тој дел.

Вредноста на работите на делницата од Пртељина до Пожега изнесува 450 милиони евра.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе