Вучиќ: Само војната е алтернатива на дијалогот со Приштина, а ние не би ја преживеале

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија не би преживеала некоја нова војна, поради што мора да се залага за разговор, кога станува збор за решавањето на косовското прашање.

На прашањето да ја коментира изјавата на специјалниот претставник на Белата Куќа Ричард Гренел, за тоа дека е лажна веста дека постои план на САД за брзо решавање на прашањето на Косово, Вучиќ кажа дека секогаш истакнувал дека пред сѐ двете страни треба самите да разговараат.

„Кога и да има вмешано големи сили, сите ќе бараат половина Србија. Наше е да се спротивставиме на тоа“, истакна тој.

Вучиќ им постави прашање на новинарите: „Дали можете да замислите ситуација доколку не разговараме, како би ни опстанал народот на Косово, има ли алтернатива?“

„Само војната е алтернатива, а ние не сакаме војна“, кажа тој и додаде дека на Србија не ѝ се потребни конфликти.

„Нам ни се потребни децении мир. Ние тоа органски не би го преживеале. По балканските војни, Првата и Втората светска војна, војните во деведесеттите... ние тоа не би го преживеале. Потребна ни е паметна политика“, заклучи српскиот претседател.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе