„Нема да има признавање на Косово“

Вучиќ: Сакаат од мене да направат Милошевиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ јасно даде до знаење дека, додека е тој претседател, до изборите во 2022 година, нема да има признавање на Косово.

EPA-EFE

Тој наведе дека тој став нема да го менува.

„Не знам што би морало да се случи, за тоа да се смени. Ние дадовме сè од себе. Водевме паметна политика, за сочувавме Србија од конфликти, не се јуначевме за да ги зачуваме животите на оние кои сакаат да останат на Косово и Метохија. Вложувавме во нивниот опстанок, не загрозувајќи го мирот. Знам илјадници луѓе кои едвај чекаат некој нов конфликт и би нашле безброј причини за правда и правичност зошто тоа би го сакале. Но кога би ги прашале дали нивниот брат или дете да се врати утре во ковчег, тогаш тоа е поинаку“, кажа Вучиќ за Вечерње новости.

Претседателот на Србија укажа дека е „тешко и да се разговара со Албанците“.

„Сè што гледате е кампања на дневно ниво против Србите, Србија и нејзиниот претседател. Србите би биле добри доколку би ја признале независноста на Косово, а само ден потоа би почнале барањата за наплата на воената штета, два дена подоцна би барале да признаеме дека сме извршиле геноцид. И потоа гледате дека разговарате со луѓе кои не сакаат нешто заеднички да работиме“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали стравува од јакнење на оската Берлин-Вашингтон по победата на Џо Бајден и дали тие ќе бидат на ставот: или признавање на Косово или ништо од ЕУ, Вучиќ кажа:

„Тоа беше нивниот став и претходно и не се сомневам дека ќе биде поизразен. Морам да истакнам дека имав многу добар разговор со претседателот (на Франција Емануел) Макрон и фер разговор со канцеларката (Ангела) Меркел. Пред нас не се лесни денови, но тоа нема да биде првпат“.

Српскиот претседател Вучиќ истакна и дека има доверба во државните органи и полицијата, околу фактот дека бил прислушуван повеќе од една година, истакнувајќи дека „сакаат од него да направат Слободан Милошевиќ по секоја цена“.

„Тоа некој го правел со цел мене политички да ме урне, правењето паралели со покојниот претседател Милошевиќ по секоја цена, таму каде што ги нема. Сето тоа не смее да го одвлече фокусот од тоа што е моја работа, и затоа реагирам мирно. Со време сè ќе си дојде на свое место“, заклучи Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе