Добил потврда од Путин

Вучиќ: Русија е спремна да се вклучи во дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека добил потврда од рускиот претседател Владимир Путин дека Москва е подготвена да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Добивме потврда од Путин дека Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, рече Вучиќ, кој е во официјална посета на Русија.

„Постигнавме некој вид договор, доколку има обиди и намери да се шири форматот на учесниците и посредниците во разговорите меѓу Србите и Албанците, Белград и Приштина, ако Американците сакаат да станат дел од формат. Прашавме дали ние би смееле да кажеме дека од наша страна би се вклучила Руската Федерација и тој (Путин) одговори потврдно“, рече Вучиќ на состанокот со претседателката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко.

Како што рече Вучиќ, ако Албанците ги сакаат Американците во преговорите, српската страна ќе бара во нив да учествува Русија, за овие преговори да имаат валидност.

„За нас ова е логично, бидејќи Русија не ја призна еднострано прогласената независност на Косово. Само бараме рамноправен однос по тоа прашање. За ова не можевме досега да зборуваме, зашто немавме зелено светло од руската држава. Сега имаме и можеме да зборуваме за тоа“ , заклучи Вучиќ.

Вучиќ рече дека тој и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за сите важни прашања.

Тој во Москва додаде и дека тој и Путин имале „многу сериозен и детален разговор за воено-техничката соработка, и тоа во четири очи“.

„Србија е воено неутрална земја, Србија мора да се обезбеди себеси и Србија ќе постигне напредок во однос на својата операбилна функционалност. Тоа е она што можам да ви го кажам“, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање за воено-техничка соработка, со оглед на тоа дека во медиумите се најавува набавка на хеликоптери и ПВО-системи.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе