Вучиќ: Разбирам зошто Србите пред 30 години се побунија против Хрватска

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по најновите напади врз локалните Срби во Хрватска, дека е „разбирливо“ зошто Србите пред 30 години се побунија против хрватските власти.

Гости на кафулиња од српска националност во населбите Уздоље и Џеврске беа нападнати во средата додека гледале пренос на натпревар на белградска Црвена звезда.

Вучиќ за телевизија Пинк изјави дека нападите се „страшни“ и додаде дека Србија ќе му помогне на својот народ во Хрватска, не наведувајќи детали.

„И ден денес ги ловат да видат кој смее во Хрватска да навива за Црвена звезда“, кажа Вучиќ. „Разбирливо е што повеќето се побунија против таквиот режим и што и понатаму протераните Срби од Хрватска живеат во Србија“, додаде тој.

Според него, неверојатно е тоа што Хрватска во 21 век нема подобар одговор на таквите напади освен приказните за великосрпската агресија, алудирајќи на расправата во Хрватска околу наводниот договор на Вучиќ со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ да не го користи тој израз.

„Фасциниран сум од потребата на хрватските функционери пет милиони пати да ги повторуваат флоскулите за великосрпска агресија. Ништо не ги разбирам, бидејќи кога би зборувале за меѓусебните жртви, како од Првата, а особено од Втората светска војна, тоа е неспоредливо. Да зборуваме секој ден за геноцидот во Јасеновац, злосторството во Глина и други места не е корисно“, смета Вучиќ.

Хрватските медиуми минатата недела објавија, а Вучиќ потврди дека од хрватската колешка побарал да не го користи изразот великосрпска агресија.

Хрватската претседателка засега не ги коментираше тие тврдења ниту нападите врз локалните Срби кај Книн.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе