Српскиот претседател

Вучиќ прими трета доза вакцина: Невакцинираните не требаше да ги лекуваме сосема бесплатно (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес ја прими третата доза од вакцината против коронавирусот.

EPA-EFE

Тој третата доза вакцина ја прими на вакциналниот пункт на Белградскиот саем, а и за „бустер“ доза одбра да ја прими кинеската вакцина Синофарм.

Откако ја прими вакцината, им се обрати на медиумите.

Тој уште еднаш им се заблагодари на сите медицински работници кои учествуваат во оваа голема и тешка работа.

„Ова трае веќе една година, зборувам за вакцинацијата, никој не ги прашува тие луѓе кои го поднесоа најголемиот товар“.

Додаде дека премногу се верувало во совеста на граѓаните.

„Можевме тоа да го решиме, а да не биде спротивно на уставот. Вакцинираните да се лекуваат бесплатно, а невакцинираните да се лекуваат бесплатно но во висина на платеното осигурување“, наведе Вучиќ.

Тој ги повика и замоли сите граѓани на Србија да се вакцинираат.

„Не го почувствував ни убодот на иглата овој трет пат. Јас само еднаш проверував антитела, но одев на настани каде ме дочекуваа 6 или 7 илјади луѓе и не се заразив. И да се заразев, сосема сигурно е дека би преживеал“, кажа српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе