Во обид да ја поправи нарушената репутација

Вучиќ преку Гренел ја нуди главата на Додик

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се понудил преку лобирачот Ричард Гренел да помогне во политичкиот пад на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик.

EPA-EFE

Како што дознава подгорички Вијести, Гренел на 1 декември се сретнал во Трамп хотелот во Вашингтон со група конгресмени од Републиканската партија, а на средбата присуствувал и амбасадорот на Србија во САД Марко Ѓуриќ, долгогодишен близок соработник на Вучиќ.

Гренел, кој беше специјален претставник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Косово и преговорите на Белград и Приштина, според сознанијата на Вијести на тој состанок го претставил Додик како голем нарушувачки фактор на Балканот, а Вучиќ како партнер и стабилизатор на приликите.

Меѓу конгресмените кои биле на состанокот се Клаудија Тени, Мајк Тарнер и Никол Малиотакос. Ни тие ниту Гренел не одговориле на прашањата на Вијести околу средбата.

Гренел на состанокот навел дека Вучиќ бил спремен да помогне во повлекувањето или отстранувањето на Додик, а дека како алтернатива ја нудел Жељка Цвијановиќ. За возврат, Вучиќ се надева дека така би можел да го подобри нарушениот имиџ, особено пред изборите на пролет.

Група американски конгресмени од Демократската партија неодамна му испратија писмо на американскиот претседател Џо Бајден во кое жестоко го критикуваа претседателот на Србија поради тврдењата за корупција и брутални притисоци врз медиумите, а побараа дури и санкции против него.

За врските на Гренел и Вучиќ и претходно пишуваа медиумите во Србија, а Форумот за етнички односи тврдеше дека Србија скапо ги плаќа услугите на Гренел, што српската влада неубедливо го демантираше. Во медиумите имаше и извештаи дека Гренел бил на вечера со Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, а се појави и фотографија со Синиша Мали од ноќен клуб во Белград.

Без оглед што демократите имаат мнозинство, влијанието на Републиканската партија и понатаму е огромно, а се надеваат дека во 2022 ќе можат да освојат мнозинство во двата парламентарни дома, па изборот на Вијести наведува дека поради тоа не е невообичаено што Вучиќ и понатаму го „држи“ Гренел како лобирач.

Вијести дознава дека Вучиќ за Додик му се пожалил и на претставникот на Европската Унија за Балканот Мирослав Лајчак за време на последната средба во Белград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе