„Џабе ни е Резолуцијата 1244“

Вучиќ: Предупредени сме – ако тргнеме со војска на Косово, НАТО ќе реагира

Фактот дека големите сили не ја признаваат, немаат намера да ја уважат Резолуцијата 1244, за нас значи дека имаме мали можности нешто да направиме, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ ова го кажа како одговор на новинарското прашање дали може Србија, по зачестените напади врз Србите и шпекулациите на косовските медиуми за распоредување на српските безбедносни сили на границата, на Косово да „внесе“ илјада припадници на своите безбедносни сили, како што е предвидено со резолуцијата на ОН.

„Тоа не е правилно и правично, но ние се бориме во рамки на многу малите можности и во многу мал простор за маневар и наше е да се бориме“, кажа Вучиќ.

Тој објасни дека, тој лично за идејата за враќање илјада војници бил предупреден дека Србија, доколку се обиде, ќе дојде во судир со најголемата воена сила во светот.

„Ако се обидете да влезете со своја војска и своја полиција на Косово, НАТО тоа ќе го третира како непријателски акт“, го пренесе српскиот претседател предупредувањето што го добил.

Тој кажа и дека повеќе пати ја споредил ситуацијата, на пример, со резолуцијата за Ерусалим, каде западните сили му одолеаја на Трамповиот притисок своите амбасади да ги префрлат во тој град, како што тоа го направи Вашингтон.

Тие, кажа Вучиќ, тоа го правдале со фактот дека таквата постапка би била спротивна на резолуцијата за Ерусалим.

„Јас тогаш им кажа дека сите се однесуваат противправно кога ја кршат Резолуцијата 1244, а тие тогаш ги креваат рамењата, гледаат во своите советници и... ништо“, наведе тој.

Тоа за него е сериозна ситуација и сака на српските граѓани да им објасни дека нив не ги интересираат правото и Резолуцијата 1244, туку силата и фактичката состојба.

„Важи само правото на силата и ние во согласност со тоа мора да се трудиме да ги сочуваме мирот и безбедноста и сите да градиме подобар живот и посилна економија“, заклучи Вучиќ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе