Вучиќ кажа дека почетокот на вакцинацијата ќе зависи од здравствените власти и додаде дека таа ќе почне „во декември, а најдоцна во јануари“.
„Првите количества на барем две вакцини, а се надевам и три, ќе ги имаме пред крајот на годината, што ќе покаже дека Србија е меѓу земјите кои успеале да обезбедат вакцини од различни дестинации благодарение на својот углед во светот“, кажа Вучиќ.
Тој прецизираше дека Србија нарачала 340.000 дози од вакцината на компаниите Бајонтек/Фајзер, дека е во тек тестирањето на руската вакцина а дека се чека и регистрација на кинеска вакцина.
„Мислам дека сме со уште една или две други земји во Европа единствените кои ќе добијат некои количества вакцини до крајот на годината. Поголемиот дел од тие вакцини ќе ги добиеме во јануари. Ќе разговараме со Модерна за нивната вакцина но тие можат дури на крајот на следната година да ја испорачаат. Гледаме да ги понудиме сите видови вакцини па луѓето нека бираат, а јас сметам дека секоја вакцина е добра“, порача српскиот претседател.