„Постојат две можности за Косово“

Вучиќ: Прашање на време е кога Албанците ќе ги нападнат Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека постојат две можности во врска со Косово – нормализација на односите меѓу Србите и Албанците и замрзнат конфликт, за кој кажа дека не значи ништо и дека Албанците можат да го „одмрзнат“ во секој момент и да ги нападнат Србите.

„Прашање на време е кога Албанците ќе ги нападнат Србите. Прашање на ден и месец, бидејќи тие тоа повеќе не можат да го поднесат“, кажа Вучиќ поднесувајќи извештај за Косово и Метохија во српското собрание.

Тој кажа дека замрзнат конфликт не може да биде решение бидејќи Албанците не го сакаат.

Вучиќ кажа дека ќе даде сѐ од себе ако Приштина ги укине царините на увозот на стока од Србија, да се дојде до некаков компромис – „решение во кое ќе се води сметка за интересот на нашиот народ, безбедноста на нашите луѓе и црквите и манастирите, но и за интересите на Србија“.

Вучиќ во српската Скупштина истакна и дека Приштина не сака да продолжи дијалогот, а „дали ќе го сака тоа повеќе е прашање до нивните западни ментори“, како и дека Србија е спремна за дијалог штом се укинат царините.

Тој кажа дека дијалогот со Приштина бил единствениот начин да се сочува мирот, за време на кој Белград успеал „донекаде да го амортизира апсолутно бескомпромисниот став на оние што ја поддржуваат независноста на Косово“.

„Дали ќе добиеме сѐ што сакаме – нема, нема да лажам и да кажувам поинаку како што тоа некои го прават. Ако продолжат преговорите сигурен сум дека би добиле многу повеќе од она што го имавме во 2000 или 2008 година“, кажа српскиот претседател.

Тој истакна дека од 2014 до 2018 било спречено Косово да стане член на девет меѓународни организации, како УНЕСКО и Интерпол, додека 13 земји го повлекоа признавањето на независност на Косово.

Зборувајќи за обидите на Приштина да завладее со северот на Косово, тој кажа дека „Србите од северот нема самостојно да одговорат доколку некој ги загрози“.

„Ќе следи одговор на целиот српски народ, нов прогон како тој во 2004 нема да има“, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека сите треба да се прашаат дали Србија може да смета на меѓународна правда во однос на Косово, кога токму поради Косово беше противправно бомбардирана во 1999 година, како и дали има право да создава непријателства со оние од кои зависи иднината на Србија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе