Вучиќ: Повеќе има исчезнати Срби од Хрвати, се извинувам што ја кажувам вистината

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа дека е секогаш спремен за средба со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, во интервју за српската телевизија Пинк, во кое кажа дека Дејтонскиот договор обезбедил мир и дека Србија е лидер во регионот според странските инвестиции.

Одговарајќи на прашањето зошто е откажана неговата посета на Загреб која беше планирана за декември, Вучиќ кажа дека „средбата со (Колинда Грабар) Китаровиќ можеби ќе се случи, можеби не, јас сум секогаш спремен“.

На почетокот на октомври кабинетот на хрватската претседатели процени дека поради влошувањето на односите нема услови за посетата бидејќи во Белград беше откриен споменик на мајорот на поранешна ЈНА кој во 1991 година со самоубиствен напад уби 11 хрватски бранители, а српскиот министер за одбрана ја прогласи хрватската Татковинска војна за „граѓанска војна“, што го разгневи официјален Загреб.

Вучиќ во интервјуто оцени дека причината за откажувањето може да биде тоа што ја зборува вистината, а според него вистината е дека има многу повеќе исчезнати Срби од Хрвати.

„Ги лажеа Хрватите за исчезнатите, а ние пресметавме дека има повеќе исчезнати Срби од Хрвати, па кога тоа го кажав на инаугурацијата, сите рипнаа врз мене дека сум четник и што уште не...“, кажа Вучиќ и додаде „се извинувам за тоа што ја кажав вистината“.

Во интервјуто кажа и дека 2018 ќе биде година полна со предизвици, а клучните ќе бидат Косово и регионалните мир и стабилност, истакнувајќи дека задачата на Србија е да ги чува мирот и стабилноста и да не прави ништо за да ги поттикне тензиите во Босна и Херцеговина.

„Србија е лидер во регионот според странските инвестиции бидејќи во првите девет месеци имаше 2,12 милијарди евра“, кажа Вучиќ.

Тој оцени дека не постои ниту една рационална причина за Србија да ѝ воведе санкции на Русија и кажа дека тоа нема да се случи сѐ додека е тој претседател на државата. „Русија ништо лошо не ни направила. Зошто би воведувале санкции на држава која ништо лошо не ни направила, а не им воведовме на оние кои ни направиле?“, праша тој во интервјуто за Пинк.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе