„Хрватско сценарио“

Вучиќ: Политичко лудило на Косово, планираат апсење на српските полицајци

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа за РТС дека косовските власти сакаат да уапсат 26 полицајци од северот на Косово и уште 15 лица.

Според него, изговорот за апсењата е дека наводно учествувале во корупција и слично. Вучиќ истакна дека „маѓепсаниот круг на Косово“ не е затворен.

„Политичкото лудило на Косово трае, тие сакаат да уапсат 26 српски припадници на полицијата од северот на Косово и Метохија и уште 15 лица, под изговор дека учествувале во корупција и разни слични нешта, за Косовска Митровица да остане незаштитена и да можат да прават највалкани нешта против нашиот народ“, кажа српскиот претседател.

Потоа, според него, би следел завршниот чин на обид за целосно окупирање на просторот каде што живеат Срби на Косово. „Тогаш би кажале – ве доведовме пред свршен чин како Хрватите пред „Олуја““, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека Србија за ова ги информирала меѓународните институции.

„А Србија ќе реагира воздржано, смирено, но и ќе го сочува и заштити својот народ“, истакна тој.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе