Вучиќ: Полициски час од петок во 18 часот во Белград, можеби и во цела Србија (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека ситуацијата во Србија, особено во Белград е критична, а за викендот повторно ќе биде воведен полициски час.

EPA-EFE

„Денес од почетокот на епидемијата е најтешкиот ден, имаме 13 умрени. Во овој момент имаме повеќе од 120 луѓе на респиратори. Во Белград ситуацијата е алармантна. Сериозна е уште во четири града во Србија, но Белград е во критична ситуација“, кажа Вучиќ.

Од утре се забранети собирања на повеќе од 5 луѓе, и на отворено и во затворени простори, а од петок стапува на сила полицискиот час, заклучно со понеделник.

„А потоа ќе видиме. Ќе обезбедиме движење на луѓето со куќни миленици, на мајките со деца и на пензионерите.

Вучиќ најави повеќе информации по состанокот на кризниот штаб.

На прашањето дали полицискиот час се однесува само на Белград или на цела Србија, и кога почнува, тој одговори:

„Мерките почнуваат да важат од петок, кризниот штаб ќе ги донесе мерките, може да се случи да не се воведат ако бројките бидат многу подобри во следните два дена. Од петок во 18 часот до понеделник наутро во 5, лично би сакал да важи за цела Србија“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе