Вучиќ: Почестени сме што Србија игра улога како СФРЈ (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на гостите на комеморативната седница по повод 60-годишнината од Движењето на неврзаните во Белград.

EPA-EFE

Претходно претседателот на Азербејџан Илхан Алиев, кој го отвори состанокот, му се заблагодари на Вучиќ за организирањето на средбата на високо ниво.

„Му благодарам на Алиев на говорот и за учеството на овој состанок... Добредојдовте дома“, кажа Вучиќ во обраќањето до присутните и наведе дека мирот, безбедноста, човековите права се најважни за просперитетот на народите.

„Уверен сум дека Белград како симбол на крстопат и место на средба на истокот и западот ќе поттикне дијалог меѓу страните... Иднина на еднаквите е насоката во која оди ова движење. Ова не е само прашање на земјите, туку едно од цивилизациските движења напред“, порача српскиот претседател.

Тој објасни дека светот значително се сменил во однос на 1961 година кога беше формирано Движењето на неврзаните, но наведе дека е уште поважно од порано да се работи на развојот на мултилатералните контакти.

„Најболната борба е решавањето на прашањето на Косово и Метохија и одбраната на територијалниот интегритет на земјата. И покрај предизвиците, Србија е посветена на компромисот за да се зачува безбедноста во регионот. Дијалогот нема алтернатива, а поддршката од меѓународната заедница е клучна. Србија е почестена што ја игра улогата која ја играше СФРЈ. Горди сме што како воено неутрална земја стремиме кон ЕУ, а истовремено јакнеме на развојот на пријателствата со африканските и азиските земји. Тоа е наше богатство и наша сила“, кажа Вучиќ.

Тој кажа и стара африканска поговорка: „Ако сакате да одите брзо, одете сами. Ако сакате да одите далеку, одете со некого“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе