Вучиќ: Ова ќе биде најтешка зима за Европа во последните 70 години

Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува во Грција, каде присуствуваше на церемонијата на одбележување на почетокот на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис.

EPA-EFE

По свеченоста, српскиот претседател на новинарите му кажа дека имал добар разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и дека не очекува никакви негативни изненадувања на краток или среднорочен период.

Вучиќ кажа дека со Мицотакис разговарал за билатералните односи, но и за почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија.

„Мислам дека е добро што сме тука и што бараме начин да ги задоволуваме потребите од сите страни. Иако работите за кои разговаравме не се едноставни, верувам дека во годините кои доаѓаат ќе можеме да им понудиме нормален живот на граѓаните“, истакна Вучиќ.

„Германија е сериозна земја и се подготвува за она што доаѓа. Ова за цела Европа ќе биде најтешката зима во последните 70 години. И секој што ви кажува дека ќе биде лесно и убаво не е доволно сериозен и само сака да биде популарен. Имаме два клучни проблеми – енергенсите и храната, а покрај тоа и инфлацијата и неможноста за излегување на капитални пазари. Готовината станува ресурс и добро е што немаме висока стапка на јавен долг. Храна ќе има доволно, ние нема да имаме проблем“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе