Вучиќ: Од воведувањето на царините на Приштина изгубивме 435 милиони евра (ФОТО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна денес во Белград со специјалниот претставник на САД за Косово Ричард Гренел.

„Од воведувањето на царините на Приштина изгубивме 435 милиони евра, повеќе од милион дневно“, истакна на прес-конференција по средбата претседателот на Србија.

„Нашите прехранбени компании се избркани од косовскиот пазар“, кажа Вучиќ.

Вучиќ кажа дека му е многу благодарен на Гренел за рационалниот пристап, силната ориентација и големата желба за напредок, ги разбрал потребите на Србија да види дека е почитувана а не понижувана, кажа српскиот претседател.

„Царините мора да се укинат, тоа е неприфатливо. Мора да тргнеме кон отворање работни места“, истакна Гренел.

Тој во Белград допатува од Приштина, каде кажа дека тие мора да ги укинат царините, а Белград да ја прекине кампањата за повлекување на признавањето на Косово.

„Тоа мора да се случи во исто време, и, да бидам искрен, мислам дека наскоро ќе се случи. Бизнис заедницата сака тоа да се случи, обичните луѓе го сакаат тоа. Тоа е тоа што мора да го постигнеме. Луѓето да тргнат напред и да ги остават политичките проблеми во минатото“, кажа Гренел.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе