Вучиќ од Париз: Никогаш нема да ме скршите, можете само да ме убиете

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во Париз, каде што вечерва треба да се сретне со својот француски колега Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Пред средбата со францускиот претседател, Вучиќ се осврна на протестите во Белград и во Србија.

„Мислам дека позицијата на Србија е потешка затоа што некој фрлал камења кон полицајците. Јас не можам да плачам и да лелекам“, рече претседателот на Србија за ТВ Пинк.

На прашањето дали демонстрантите ја поткопуваат Србија по прашањето на Косово, Вучиќ одговори:

„Тоа е една од опциите, но тие сигурно не ѝ сакаат добро на Србија. Од повиците и од сè јасно е дека нема никаква врска со короната, а и да има, би било уште поглупаво. Секому му е потполно јасно дека сакаат да се дограбат до власт без избори“.

Протестите почнаа поради најавата на Вучиќ за повторно воведување полициски час, кој сепак нема да биде воведен.

„Посакувам да воведовме полициски час, вака се плашам. А која е причината? Земјата е рамна плоча? 5Г-мрежата?“, праша Вучиќ.

Тој рече дека никогаш нема да може да го исплашат.

„Мене никогаш нема да ме исплашат! Мене никогаш нема да ме скршат! Главата да ми е на трупец, нема да ме исплашат. Ќе мораат или да ме убијат или да ме победат на избори“, рече претседателот на Србија.

Тој ја пофали полицијата за храброста покажана во претходните два дена од протестот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе