Вучиќ објасни зошто не ѝ воведе санкции на Русија (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за јутјуб каналот Соловјев лајв зборуваше за економскиот напредок на Србија.

EPA-EFE

Тој истакна дека неговата земја економскиот напредок го постигнала, меѓу другото, и поради тоа што има пријателски врски со Русија и Кина, но и дека голем број инвестиции доаѓаат од Европската Унија.

Вучиќ во интервјуто, кое денес беше целосно објавено пред средбата на српскиот претседател со рускиот колега Владимир Путин, истакна дека Србија во изминатите две години имала најголема стапка на економски раст – околу 6,7 отсто и дека за последните седум години се изградени повеќе болници отколку во последните 70 години.

Одговарајќи на прашањето зошто го избрал потешкиот пат и не ѝ вовел санкции на Русија, Вучиќ кажа дека политиката не е полесниот пат и дека Србија има свои политички и економски интереси.

„Да немавме гасовод, да не соработуваме со Русија, ние денес ќе немавме гас, денес би плаќале 800-900 евра за гас“, објасни Вучиќ и истакна дека Србија тоа не може да го издржи економски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе