Вучиќ: Обезбедивме вакцини за 185.000 луѓе од регионот

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека Србија од почетокот на коронакризата во земјите од регионот испратила 120.000 вакцини додека во самата Србија од тие земји вакцинирала околу 65.000 граѓани и најави дека процесот на вакцинирање ќе продолжи, бидејќи ниедна земја самата не може да го реши тој проблем.

EPA-EFE

„Ние сметаме дека тие вакцини се важни за нашите комшии исто колку што се важни за нас. Бидејќи ако тие имаат тешка ситуација, ќе биде бесмислено и ова што ние го правиме“, кажа Вучиќ по средбата со министерот за надворешни работи на Германија Хеико Мас.

Тој кажа дека Србија ќе продолжи да ја спроведува и вакцинацијата на сопственото население, и покрај одредените проблеми со кои се сретнува.

Вучиќ кажа дека во српската јавност постои проблемот со таканаречените антиваксерски групи, кои поради различни теории на заговор не сакаат да се вакцинираат, но дека проблем е и тоа што државата во раната фаза набавила голем број вакцини па еден дел луѓе имаат впечаток дека не мора да брзаат, туку дека може да се вакцинираат во секој момент.

„И затоа во Србија нема редици, иако во овој момент може да добиете која било од четири вакцини. Имаме доволен број вакцини, не сме богати но буџетот добро ни стои, јавниот долг ни е под 60 отсто. Имавме со Литванија најголем раст во Европа минатата година, а оваа година очекуваме раст од шест отсто“, кажа тој.

Вучиќ додаде дека Србија од Ковакс програмата добила 57.000 од планираните 96.000 вакцини, а дека од квотата на ЕУ, која била планирана на околу 260.000 вакцини, Србија ќе добие само 36.000 дози.

„Ние се согласивме со тоа бидејќи вакцините се поважни во други делови од регионот. Им благодарам и на ЕУ и на Ковакс“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе